Хамилтон е најдобар спортист во Европа, зад него се Надал и Хиршер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон денеска беше избран за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинарите.

Полската новинарска агенција организираше гласање за најдобар спортист во Европа, па Хамилтон по третпат во кариерата ја доби престижната награда.

Зад возачот во Ф1 останаа тенисерот Рафаел Надал и скијачот Марсел Хиршер, кои имаа по 11, односно 75 бодови помалку.

Новак Ѓоковиќ, кој лани ја освои наградата, овојпат беше пласиран на четвртото место затоа што имаше 71 бод, а во топ-20 се уште и Вирџил Ван Дајк, Марк Маркез, Лука Дончиќ, Кристијано Роналдо итн.