Директорот на Атлетико Мадрид откри кој е нивниот приоритет во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид изминатите неколку дена интензивно се поврзува со можен трансфер на Единсон Кавани, искусниот Уругваец за кој се помалку има место во ПСЖ.

Сега генералниот директор на Атлетико Мадрид, Мегл Ангел Хил Марин изјавува дека клубот посакува да донесе нов напаѓач во зимскиот преоден рок, бидејќи Јорганџиите сега останаа “само со Алваро Мората”.

“Размислуваме за преодниот рок, иако имаме мало простор за маневар со оглед дека 90% од приходите на екипата ги вложивме, а мораме да пазиме на финансискиот фер плеј кој е многу строг”, изјави Гил Марин за Кадена СЕР, па продолжи:

“Ќе ги анализираме сите трансфери кои можеме да ги завршиме, а мораме да бидеме свесни дека Диего Коста нема да биде спремен до крајот на февуари. До тогаш имаме 18 натпревари….а го имаме само Алваро Мората”.

“Иако сме многу ограничени, посакуваме нов пласман во Лига на шампионите, да го поминеме Ливерпул и да го освоиме шпанскиот Суперкуп”, додава Гил Марин.