Агентот на Џака потврди, Швајцарецот се сели во Бундеслигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гранит Џака е многу блиску до јануарско заминување од редовите на Арсенал откако фудбалерот се договорил со тимот на Херта.

Ова го потврди неговиот агент кој истакна дека Џака ги договорил условите со германскиот тим.

„Ќе бидам искрен. Се договоривме со Херта и тој сака да оди во Берлин. Тоа му го соопштивме на шефот на Арсенал, Раул Санлехи и на спортскиот директор Еду, исто како и на новиот тренер Микел Артета. Арсенал беше информиран за сите чекори, играчот и Херта се јасни. Сега треба да се договори трансфер оштетата меѓу двата клуба“ –истакна Ногуера.

„Скај Спортс“ пак пренесува дека клубовите се многу блиску до договор и дека Џака наскоро и официјално ќе стане играч на Херта Берлин.