Го бараа еден куп гиганти, а на крајот потпиша за Борусија Дортмунд (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд го купи талентираниот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд од Салцбург, иако го посакуваа многу европски клубови.

Халанд, кој има 19 години, најверојатно смета дека Борусија е најдобар избор за него во моментов.

Во текот на сезонава постигна 28 голови во 22 натпревари, а посебно воодушеви во Лигата на шампиони, каде што урна неколку рекорди.

„Милионерите“ добија квалитетен фудбалер за иднината, кој сигурно може да го продадат за многу повеќе пари за неколку години.

Да потсетиме, освен Дортмунд, интерес за него покажаа Манчестер јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен…

Халанд со германскиот прволигаш потпиша четири ипол годишен договор, т.е. соработка до 2024 година.