Како пропадна “Операција Халанд” и што ќе биде добивката на Ѓаволите?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јунајтед се повлече од преговорите, но би можел да извлече поголема добивка…

Англиските медиуми и денеска пишуваат за неочекуваниот трансфер на Халанд во Дортмунд.

Јунајтед и Јувентус беа опции за Норвежанецот, но и двата тима останаа со кратки ракави.

Проблем е тоа што Рајола не успеа да го убеди Норвежанецот да замине во Јуве бидејќи не е сигурен дали ќе игра, а кога станува збор за Јунајтед, проблем беше самиот Рајола.

За што се работи?

Проблемот не е само во побарувањата на Рајола, туку и во таткото на самиот играч, некогашен играч во Премиер лигата. Тие би добиле 10 милиони евра провизија, но инсистирале да добијат повеќе. Пред се, проценти од нареден трансфер, плус да се договори и откупна клаузула.

Тоа го разбеснело Вудворд кој мислел дека Рајола и таткото на Халанд ќе го искористат Јунајтед како отскочна даска за младиот напаѓач, па преговорите се прекинати. Дополнително на ова оди во прилог се игрите на младиот Гринвуд, па Ѓаволите сметаат дека подобро е да се вложат пари во некој друг дел од тимот.

Првата цел по пишувањето на англиските медиуми е Џејдон Санчо, Борусија го продава за околу 100 милиони евра, плус бонуси, го посакуваат и Реал, Челзи и поранешниот клуб Сити, но за Јунајтед е среќна околност што англискиот репрезентативец посакува трансфер на “Олд Трафорд”.