Шефот на Ферари објасни зошто му ја одзема победата на Леклер во Сингапур


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако старата сезона само што заврши во Ферари со полна пареа се спремаат за 2020. година.

Италијанскиот тим потфрли и оваа сезона во Формула 1 и дозволи повторно Мерцедес да триумфира. Ферари одамна ги немаме видено на врвот на Ф1, но во овој тим работат со полна пареа за тоа да го остварат во новата сезона.

Меѓутоа, во минатата сезона се манифестираа многу негативни работи кои влијаеја на атмосферата во тимот. Една од тие е трката за ГН во Сингапур каде Чарлс Леклер иако беше на чекор до победа доби тимска наредба да го пропушти Себастијан Фетел кој го освои првото место.

Овој потег го налути младиот Леклер, но шефот на Ферари, Матија Биното, верува дека тоа била важна и исправна одлука. Со оглед на падот на формата на Себастијан сакал да му ја врати самодовербата за нови победи.

“Фетел беше под голем притисок во првиот дел од сезоната, но значително се поправи во вториот. Победата во Сингапур беше клучна за неговата самодоверба. Знаеше дека може да смета на нас. Тоа беше исправна и важна одлука за неговата победа”, рекол Биното