Вертонген бира помеѓу два клуба?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгиецот Јан Вертонген е на излезни врати на Тотенхем, пишуваат англиските медуми.

Искусниот дефанзивец за Тотенхем настапува уште од 2012. година, но последните седмици се шпекулира за негово заминување, со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на актуелната сезона.

Целта на раководството на Тотенхем е да го продадат Вертонген веќе овој месец за да заработат колку-толку, а потенцијални купувачи се Ајакс и Наполи кои во наредните денови се очекува да достават и официјални понуди во северен Лондон.

“Во Ајакс проценуваат дека Вертонген е идеална замена за Блинд кој има проблем со срцето, а прилично упорен е Гатузо”, наведуваат медиумите.

И едниот и другиот клуб посакуваат да го завршат трансферот во јануари, надевајќи се дека цената ќе биде поволна поради фактот дека Вертонген има уште пола година од договорот со Тотенхем.

Вреди да се потсети дека Вертонген пред трансферот во Тотенхем играше токму за Ајакс.