Тажни вести од Франција, фудбалер на Генгамп почина во сообраќајка по тренинг сесијата со клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


23 годишниот напаѓач на Генгамп, Натаел Жулан почина во страотна сообраќајна несреќа која се случила кога тој се враќал од тренингот на клубот.

Францускиот клуб објави дека младиот фудбалер починал на лице место во сообраќајка која се случила во близина на Сент Брио.

Жулен  бил возач во автомобил кој бил целосно уништен и во кој интервенирале пожарникарите за да се извади телото на фудбалерот. Од полциијата во Франција не соопштуваат повеќе детали за сообраќајката.