Нојер има причина за паника, Баерн Минхен ангажираше талентиран голман (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен денеска официјално потврди дека младиот голман Александер Нубел потпиша договор со баварскиот клуб.

Нубел во моментов е член на Шалке, но не сакаше да го продолжи договорот со клубот, кој му завршува на крајот на сезоната, па 23-годишниот чувар на мрежата доби понуда каква што не се одбива.

Баварците официјално потврдија дека Нубел ќе се приклучи на клубот на крајот на сезоната како слободен играч, а двете страни потпишаа соработка на пет години и се очекува младиот голман да му биде голема конкуренција на Мануел Нојер.

Нубел ја почна кариерата во Падерборн, по што се пресели во Шалке за 600.000 евра.