ПСЖ подготвува одлична понуда за двајца фудбалери на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ подготвуваат понуда до Милан која тешко дека ќе биде одбиена.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека францускиот шампион ќе испрати понуда од 80 милиони евра за двоецот на „росонерите“, Алесио Ромањоли и Лукас Пакета.

Ромањоли е капитен на клубот и е редовен во стартниот тим, додека бразилскиот фудбалер Пакета не игра најредовно оваа сезона и не е баш во најдобра форма, па затоа зачудува изборот на ПСЖ да го ангажира овој фудбалер.

Пакета би пристигнал како замена за Паредес кој веројатно ќе си оди во клубот, додека пак Ромањоли ќе стигне како замена за Тијаго Силва кој своевремено исто така го носеше дресот на Милан.