Дарко Чурлинов и официјално во Штутгарт: Нашиот репрезентативец потпиша договор до 2024 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот младински репрезентативец, Дарко Чурлинов стави крај на кариерата во Келн и официјално потпиша договор со Штутгарт.

Утрово беше објавено дека Чурлинов тренира со познатиот германски клуб, а пред малку беше потврдено дека тој поптишал договор до 2024 година.

„Многу сум задоволен што сум овде. Јас сум мотивиран 100 проценти да го дадам максимумот за Штутгарт. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот кога и да сум потребен во битката за промоција во Бундеслигата“- изјави Чурлинов.