Баерн Минхен се заинтересирал за Вилфред Заха, брз одговор на Кристал Палас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот гигант, Баерн Минхен се заинтересирал во своите редови да го донесе Вилфред Заха од редовите на Кристал Палас.

Имено, Баварците преку новиот агент на Заха, Пини Захави се обиделе да воспостават контакт со Кристал Палас и да го обезбедат потписот на играчот, меѓутоа добиле негативен одговор.

Имено, Баерн сакал да го ангажира Заха како позајмен фудбалер, а на лето целосно да му го откупи неговиот договор за сума од 80 милиони фунти.

Сепак тоа не било исплатливо за Кристал Палас кој веднаш ја одбил понудата.