Какво бомбастично изненадување уште на стартот: Франција на колена пред аутсајдерот Португалија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вистинско шокантно изненадување приреди репрезентацијата на Португалија која со 28:25 славеше над огромниот фаворит, Франција.

„Галските петли“ добија лекција по ракомет која никој не ја очекуваше, па Португалија сосема заслужено на крајот со крената глава ја напушти салата во Трондхајм.

Во сензационалната победа Португалците беа предводени од Диого кој постигна пет гола, додека Фераз и Гомез постигнаа по еден гол помалце. Во француската репрезентација пет гола постигна Дика Мем, додека Лагар, Фабрегас и Карабатиќ застанаа на четири гола.

Следен натпревар од оваа група е помеѓу Норвешка и Босна и Херцеговина, а веќе следното коло Франција ќе мора да ја поправи грешката против големиот конкурент, Норвешка.