Лејкерс на крилјата на Џејмс ги урнаа Дончиќ и неговиот Далас (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс синоќа на гости го победија Далас маверикс со 129-114 на крилјата на одличниот Леброн Џејмс, па така стигнаа до 31 победа во сезоната.

Од самиот старт на натпреварот Лејкерс играа одлично, па уште во првата четвртина можеше да се забележи разликата. Кошаркарите на Лејкерс во првата четвртина поведоа со 45-27, а на пауза заминаа со 79-58.

Уште тогаш беше јасно дека Далас тешко ќе ги стигне противниците, па на крајот загубија со 114-129.

Лејкерс до триумф го предводеше Џејмс, кој постигна 35 поени, 16 скокови и седум асистенции, додека кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 25 поени, 10 скокови и седум асистенции.