Ваков не сме го виделе: Дончиќ се изнервира и го скина дресот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во НБА-лигата беа одиграни неколку натпревари, а највозбудливо беше на мечот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Далас маверикс (129-114).

Гостите уште во првата четвртина го решија прашањето за победникот, откако ја добија со 45-27, а незапирлив беше Леброн Џејмс, кој постигна дури 35 поени.

Во поразениот тим подобар од останатите беше Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со 25 поени, 10 скокови, седум асистенции и шест загубени топки.

И покрај одличниот настап, сепак Словенецот не беше задоволен со неговата игра, а тоа може да се забележи по две негови промашени слободни фрлања, откако го скина дресот.

„Играв многу лошо. како да заборавив што е кошарка. Тоа не бев јас. Морам да бидам многу подобар“, порача Словенецот.