Талески: Не можевме ништо да направиме, само капитенот беше на ниво на задачата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските ракометари загубија во второто коло на Европското првенство (ЕП) од Чешка со 25-27, откако во второто полувреме следеше голем пад во играта.

Левиот бек на Македонија, Филип Талески вели дека само Кире Лазаров одиграл на потребното ниво, додека сите останати разочараа.

„Зборувавме дека не треба да паѓаме, но повторно ни се случи истото. Во вториот дел немавме решенија, па често промашувавме. Од левата страна не можевме да направиме ништо, а само Лазаров постигнуваше голови“, вели Талески.