Што ѝ треба на Македонија за пласман во втора фаза на ЕП?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските ракометари утре го играат последниот меч од првата фаза на Европското првенство (ЕП) и тоа од 18.15 часот против еден од домаќините, Австрија.

Во првото коло Македонија успеа да слави со 26-25 против Австрија, но вчера доживеавме неочекуван пораз од Украина со 25-27, по што во директниот дуел против Австрија ќе решаваме за тоа дали ќе ја продолжиме авантурата на ЕП.

Постојат неколку комбинации за да обезбедиме пласман во следната фаза, а една од нив е победа против Австрија со два или повеќе погодоци.

Би ни одговарало и реми против Австрија, но во случај Чешка да загуби од незгодната Украина, а победи и од еден гол против Австрија со постигнати повеќе од 31 гол.

Постои можност и за победа од 31-30, но во таков случај Украина не смее да загуби со повеќе од еден погодок од Чешка.