Роналдо скокна 71 см? Епа Лазаров успеа да скокне повисоко!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот капитен Кире Лазаров докажа дека годините се само бројка, откако скокна дури 74 см, односно три сантиметри повеќе од ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Роналдо пред речиси еден месец ја освои фудбалската јавност со неговиот неверојатен скок и погодок против Сампдорија, но македонскиот ракометар Лазаров успеа да го надмине тоа, а да скокне 74 см му успеа дури двапати.

Лазаров игра повторно во одлична форма, па на првите два меча на Европското првенство против Украина и Чешка постигна вкупно 19 погодоци, додека се очекуваат негови голови и во последниот меч од првата фаза на натпреварувањето против Австрија.