Сами си ја кроиме судбината: Може ли Македонија да ја совлада Австрија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска од 18.15 часот го игра последниот дуел од првата фаза на Европското првенство (ЕП), а императив за ракометарите ќе биде победа против Австрија.

Македонија сама си ја крои судбината, па ќе бара победа од два-три разлика, иако тоа дефинитивно нема да биде воопшто лесно бидејќи Австрија е одлична селекција и тоа го покажа во првите два натпревари со триумфите против Чешка и Украина.

Постојат неколку опции за нашата селекција да се пласира во следната фаза, а ако ја победиме Австрија со повеќе од два гола, тогаш сигурно ќе се пласираме во следна фаза.

Можеме да се пласираме и со реми, но доколку Чешка загуби од Украина, а постои шанса и со триумф од еден гол разлика да одиме понатаму, но тогаш мора да се поклопат коцките и од вториот дуел.