Војдан Стојановски си најде нов клуб во Франција (ВИДЕО)

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски по два месеци го напушта По Ортез, откако му заврши договорот, но веднаш си пронајде нова екипа во Франција, а станува збор за Гравелин Данкерк.

Стојановски се сели во клубот, кој во моментов е на 16. позиција во француската лига, а може да се пофали со одлични настапи во По Ортез во досегашниот дел од сезоната, каде што постигнуваше во просек по 15,3 поени.