Ужас на Австралијан Опен: Тенисер не можеше да диши, докторите му даваа кислород (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бернард Томиќ имаше сериозни здравствени проблеми во текот на мечот од првото коло од квалификациите против Денис Кудла.

Ситуацијата во Мелбурн е загрижувачка, а по Далила Јакуповиќ која мораше да го преаде мечот во првото коло, иако водеше, повторно беше забележана ужасна сцена.

Томиќ имаше сериозни здравствени проблеми во текот на мечот против Кудла, па на крајот загуби со 0-2 во сетови.

Томиќ исто како и словенечката тенисерка имаше проблем со дишењето поради лошиот квалитет на воздухот во Мелбурн поради катастрофалните пожари кои ја погодија Австралија.

Во еден момент седеше на клупата и не можеше да дојде до здив. Медицинскиот персонал втрча да даде помош, а мораа да му даваат и кислород.