Капитенот капитенски, нема предавање: Имаме огромно богатство, се извинувам до сите Македонци…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров не го криеше разочарувањето по дебаклот од Австрија и елиминацијата во раната фаза од Европското првенство.

Кире е свесен дека бевме во група во која бевме фаворити, но на крај не успеавме да ги оправдаме очекувањата и да се пласираме во следната фаза.

Лазаров во стилот на голем капитен се извини до целата македонска јавност која ја даде неоходната поддршка која за жал овој пат не им беше ветер во грб на ракометарите.

„Тешко е да се каже сега, треба да се анализира со ладна глава. Се уште стојам на тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија. Можам да кажам дека одигравме под нашето ниво, со многу технички грешки, го разбранивме нивниот голман, а таквите работи се пресудни во вакви одлучувачки натпревари.

Искрено, тактички не изненадија со 5+1 играта со полуфластер на мене. Немавме решение и тоа не натера да правиме технички грешки. Дури и кога правевме чисти ситуации за шут, промашувавме. Лесно е да се види каде беше грешката. Разочарани сме, очекувавме многу повеќе затоа што имавме добра група затоа што секој, па друи и лаик можеше да каже дека можевме со сите и дека дури и бевме благи фаворити.

Сакам навистина да изразам благодарност до сите присутни што одвоија време и средства за да дојдат да не бодрат овде. Ова беше драгоцено искуство, дури имаше повеќе Македонци од 2012 година од нашиот исотриски настап на Европското во Белград и Ниш. Виена е многу подалеку и затоа капа до под до сите Македонци. Останавме должни и заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и македонскиот ракомет, но треба да се анализираат некои работи и да се почне од почеток. Не смееме да го загубиме она што е најубаво, најдрагоцено и најсвето. Ни една репрезентација во светот не може да си дозволи да има 5-6000 навивачи во туѓа земја. Тоа е огромно богатство и јавно како капитен сакам да се извинам на сите навивачи кои дојдоа овде во Виена и за целата поддршка која ни ја даваа останатите Македонци од Македонија. Верувајте тоа го почувствувавме“ –изјави Кире Лазаров.