Тренерот на Денвер Нагетс ќе биде помошник во репрезентацијата на Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Денвер Нагетс Мајк Малоун ќе биде приклучен во стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Србија.

Познатиот НБА тренер веднаш по завршување на сезоната ќе се приклучи на стручниот штаб на Србија, односно ќе има улога на помошник на селекторот Игор Кокошков.

“Главниот тренер на Денвер Нагетс Мајк Малоун ќе се приклучи на репрезентацијата на Србија на претстојните Олимписки квалификациски турнир кој ќе се одржи во Белград”, соопштува Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Малоун е тренер на големата српска ѕвезда Никола Јокиќ и овој тандем има фантастична соработка.

Србија за да се пласира на Олимписките игри треба ги победи Доминиканската Република и Нов Зеланд.