Чави конечно објасни зошто ја одби Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чави Ернандез беше најголем кадидат за нов тренер на Барселона, но легендарниот фудбалер на каталонскиот клуб на крајот ја одби понудата.

Преговорите со Чави се водеа во Доха. Се се чинеше дека е спремно за негов ангажман, но на крај одлучи сепак да каже “не”.

Денес Чави ги објасни причините поради кои ја одби тренерската понуда од тимот од Ноу Камп.

“Нема да кријам, постоеше понуда од Барселона и имав разговори со Ерик Абидал и Оскар Грау. Не ја прифатив бидејќи мислев дека уште е рано за мое враќање на Камп Ноу, но секако дека во иднина сакам да бидам тренер на Барселона”, кажува Чави и продолжува:

“За понудата прво му кажав на моето семејство, а потоа и на играчите на Ал Саад. Тие неколку дена не бев фокусиран, но сега сум фокусиран само на овој тим”.

За новиот тренер на Барселона Кике Сетиен, Чави го кажа своето мислење:

“Ми се допаѓа новиот избор за тренер и начин на неговата работа. Се надевам дека ќе направи успех со екипата”, истакна Чави.

Сетиен со Барслона потпиша договор до 2022. година и нема да биде никакво чудо доколку негов наследник биде токму Чави.