Кокшаров повеќе не е селектор на Русија: Не ја остварив главната цел на ЕП…

Едуард Кокшаров поднесе оставка од селекторската позиција на руската ракометна репрезентација откако беа елиминирани уште во првата фаза на Европското првенство (ЕП).

Русија имаше три порази во три меча против Исланд, Данска и Унгарија, по што Кокшаров реши да поднесе оставка, откако доби критики од руската јавност.

„Нема да останам селектор на Русија затоа што не ја остварив главната цел на ЕП. Благодарам за довербата“, кажа Кокшаров.

Русите планираа да се пласираат во главната фаза од натпреварувањето, но не успеаа во својата мисија и поради тоа немаше друго решение освен да „падне“ селекторот по очајните резултати.