Револуција во ЛШ: Ќе има помалку изненадувања и повеќе натпревари!

„Тајмс“ открива дека УЕФА и здружението на европски клубов се блиску до договор за промена на форматот на Лигата на шампиони (ЛШ).

Со промените би се зголемил бројот на натпревари во ЛШ, со тоа што би се играле уште шест кола во групната фаза.

УЕФА ја враќа ЛШ каква што била пред 2003 година, па така во втората фаза би биле четири групи со по четири клуба, а подоцна тоа беше заменето со нокаут-фаза.

Според актуелниот состав финалистите од групите до мечот за трофеј играат 13 натпревари, а по новиот систем со две групни фази клубовите би играле 17 натпревари. По шест во двете групи и потоа по два во четвртфинале и финале и еден во финале.

Трансформирањето на нокаут-фазата и четвртфиналето во две групи по четири клуба би донело повеќе дуели меѓу врвните клубови, но и најбогатите би ги прифатиле промените и сигурно би се откажале од идејата за Суперлига.