Италијанците тврдат: Ериксен е нов фудбалер на Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијан Ериксен во претходните денови се поврзуваше со трансфер во Интер, откако покажа незадоволство во Тотенхем.

Наводно, двете страни почнале претходно преговори, а според италијанските медиуми агентот на Ериксен во моментов е во Милано, каде што ги договара последните детали.

Ериксен треба да потпише договор до 2024 година, а Тотенхем ќе заработи околу 18 милиони евра за неговиот трансфер.

Италијанските медиуми објавија дека трансферот е договорен, па останале само уште неколку детали и Данецот ќе потпише договор, по што ќе биде претставен во неговиот нов клуб.