Нема одложување: Организаторите тврдат – Австрлијан опен ќе се одржи според планот!

Организаторите на Австралијан Опен соопштија дека ќе се одржи тенискиот турнир според планот и покрај лошиот квалитет на воздухот поради големите пожари, кои ја зафатија земјата.

Многу тенисери се пожалија поради лошите услови, зашто мораа да играат квалификации во магла и дим.

„Многу шпекулации имаше за Австралијан опен за откажувања или одложувања на теренот. Австралијан опен ќе се одржи“, порачаа директорите на турнирот.

Словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ падна во колена во вторникот и имаше проблем со дишењето, по што мораше да го предаде мечот, иако губеше со 1-0 во сетови.

Голем број тенисери ги критикуваа организаторите, кои не сакаа да го поместат почетокот на турнирот поради пожарите и лошата ситуација во Австралија.