УЕФА објави: 30 најголеми клубови заработија колку и сите останати заедно!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што се шпекулираше во извештајот на УЕФА, 30 најголеми европски клубови заработија во 2018 година колку и 682 други клубови заедно.

Во извештајот според „Евростатс“ се тврди дека 712 клубови од најсилните лиги на 55 европски земји вкупно заработиле 21 милијарда евра, а тоа е 20% повеќе од една година претходно.

Сепак, се наведува дека клубовите од Англија, Германија, Шпанија, Франција и Италија добиле 75% од наведената сума, додека само 30 клубови заработиле дури 49%.

„УЕФА внимателно го следи трендот, зашто уште една година на силен раст на платите во 2019 година би можела дополнително да влијае на оперативниот профит“, пишува во извештајот.

Трансферите не се вклучени во податоците за приходите, зашто одвоено се пријавуваат, иако многу клубови зависат од нив.