Му „пукнал филмот“: Емре Џан побарал итен состанок со Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Емре Џан побарал истен состанок со клубот поради неговата иднина затоа што се плаши дека ќе го пропушти Европското првенство, кое ќе се одржи гоинава.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Џан добиваше многу малку шанса сезонава, а воопшто не бил во екипата за дуел со Удинезе во Купот во средата.

Италијанските медиуми пишуваат дека фудбалерот е загрижен затоа што не сака да остане без настап на Евро 2020, а доколку сака да игра на големото натпреварување тогаш мора сега да добие шанса на теренот.

Џан запиша само осум настапи во Серија А сезонава, а само двапати беше стартер, па поради тоа сака да побара поголема минутажа, а ако не му биде дадена тогаш ќе замине од Торино до крајот на месецот.