Во Манчестер Јунајтед треба да жалат: Халанд постигна хет-трик на неговото деби за Борусија Дортмунд (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот норвешки напаѓач, Ерлинг Халанд имаше деби од соништата во дресот на Борусија Дортмунд.

Фудбалерот кој оваа зима пристигна од Ред Бул Салцбург постигна три погодоци за половина час, колку што доби шанса за настап од Лусиен Фавре.

Кога Халанд влезе во игра Борусија губеше од Aугсбург со 3:1, а потоа на сцена стапи Норвежанецот кој со три погодоци донесе важна победа за својот тим. Освен Халанд во листата на стрелците се запишаа и Бранд и Санчо.