Нови возбудувања за навивачите: Мејведер ќе се бори против – Нурмагомедов или Мекгрегор! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Флојд Мејведер најави реванш против Конор Мекгрегор, но и меч против Хабиб Нурмагомедов. Легендарниот боксер на социјалните мрежи најави нова пресметка со Ирецот, кого го победи во 2017 година.

Дека се преговара со Мејведер призна и претседателот на УФЦ, Дена Вајт.

„Се обидуваме да се договориме со Флојд. Тој е во нашите планови и ние сме во неговите, па ќе направиме нешто“, кажа Вајт.

Новата борба би се одржала на крајот на годината, а претходно Вајт и Мекгрегор сакаат реванш против Нурмагомедов.

Меѓутоа, откако беше објавен постерот со Ирецот, Флојд истото го направи и со Хабиб.