Де Лаурентис не знае што сака: Гатузо добива отказ, се враќа Анчелоти?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е подготвен повторно да го промени тренерот откако неговата екипа го запиша и третиот пораз по ред во Серија А.

Карло Анчелоти му го препушти тренерското столче на Џенаро Гатузо, но тоа очигледно беше лош избор на контроверзниот претседател на Наполи.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Де Лаурентис бил толку лут што сака да го врати Анчелоти, кој неодамна потпиша договор со Евертон.

Сезоната на екипата од Неапол е очајна, а Гатузо дојде во ситуација кога би можел да добие отказ поради тоа што тимот игра многу лошо.

Наполи го пречекува Јувентус, а игра и во Купот против Лацио, па така би можел кошмарот да продолжи, а Гатузо да добие отказ.