Загуби милион долари за 40 секунди на борбата Мекгрегор – Сероун (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инстаграм ѕвездата Ден Билзериан е посиромашен за милион долари по мечот меѓу Конор Мекгрегор и Доналд Сероун.

Каубој е голем пријател со ѕвездата од Инстаграм, а овој веројатно мислеше дека ќе го победи Мекгрегор, па вложи милион долари на негов триумф.

Меѓутоа, на крајот жали затоа што Мекгрегор го нокаутираше Каубој за само 40 секунди и така ѕвездата од Инстаграм загуби милион долари за 40 секунди.