Уште една ѕвезда на ПСЖ побарала трансфер, Леонардо признава: “Се надевавме дека ќе остане”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ е на пат да остане без уште еден од своите најдобри играчи. Заминување од клубот побарал Единсон Кавани.

По победата во Купот на Франција против Лориен спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо признал дека Кавани по седум години сака да замине од Париз.

“Се надевавме дека ќе остане во клубот, но побара трансфер. Ние ја разгледуваме ситуацијата”, кажал прославениот бразилски фудбалер.

Леонардо открива и кој клуб пратил понуда за фантастичниот Уругваец.

“Имаме понуда од Атлетико Мадрид. Немаме понуда која вреди колку самиот играч, но не сум сигурен дека Кавани ќе биде овде во фебруари.”

“Ќе видиме што ќе биде во наредните денови, но ќе го послушаме Кавани бидејќи го почитуваме. Сега се е појасно од кога му истекува договорот”, додава Леонардо.

Кавани во ПСЖ стигна на лето 2013. година за 65 милиони евра. Од тогаш одигра 293 натпревари и постигна 198 голови со кои е најдобар стрелец во клупската историја.