Домантас Сабонис успеа во она што неговиот татко не го направи на 470 натпревари во НБА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Литванија е на добар пат да добие нова кошаркарска ѕвезда од светска класа.

Домантас Сабонис, син на легендарниот Арвидас Сабонис, постигна трипл-дабл, нешто што неговиот татко не успеа да го направи на 470 натпревари во НБА.

Овој 23-годишен кошаркар ја истакна својата кандидатура за Ол стар со 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции во победата од 115:107 на Индијана Пејсерси над Денвер Нагетс.

Арвидас Сабонис одигра седум сезони во Портланд Трејл Блејзерс, но никогаш не постигна трипл-дабл или не доби повик Ол-стар.

Во победата на Пејсерси, Домантас имаше поддршка од 24 поени на Даг МекДермонт. За Нагетс најдобар беше Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со дабл-дабл ефект од 30 поени и 10 скока.