Надал без проблем во второ коло , Шарапова заминува дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без големи проблеми се пласираше во второ коло на Австралијан Опен.

Надал беше подобар од Хуго Делиан во првото коло со 3-0 во сетови. Шпанецот му даде на противникот само пет гема и по два часа игра успеа да победи.

Надал го доби првиот сет со 6: 2, додека вториот сет беше 6:3. Надал играше брилијантно во третиот сет, каде го „сомле“ својот противник со 6:0 за да помине во следната фаза на Австралија опен.

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ оствари лесна победа со 3-0 во сетови против Корентин Муте. Чилиќ го доби првиот сет со 6:3, додека вториот сет беше 6:2. Во третиот сет сè беше решено и хрватскиот тенисер славеше со 6: 4.

Лајовиќ беше подобар од Едмунд со 3:0, со истиот резултат Вердаско го победи Донској. Фантастичен натпревар одиграа Крајиновиќ и Халис, а на крајот српскиот тенисер славеше со 3-2 во сетови.

Во женска конкуренција се издвојува дуелот помеѓу Дона Векиќ и Марија Шарапова. Векиќ победи полесно отколку што се очекуваше против Русинката со 2-0. Таа го освои првиот сет со 6:3, а вториот со 6:4.