Неверојатниот Лилард со рекордна вечер ги “прегази” Голден Стејт (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Портланд Трејл Блејзерс ги совладаа Голден Стејт Вориорс во фантастичен натпревар по продолжение со 129:124, а мечот беше во знак на неверојатниот Демиен Лилард.

Портланд Трејл Блејзерс и Голден Стејт Вориорс одиграа еден од најдобрите натпревари од синоќешната програма, а во центарот на вниманието се најде Лилард кој покажа можеби и најдобра партија во својата досегашна кариера.

По првата четвртина Портланд водеше со 27:23, но Воините во втората четвртина го свртеа резултатот во своја корист со резултат 57:53 заминаа на полувреме.

Но, Портланд не се предаваа и успеа да одржи приклучок. Беше јасно дека не очекува неверојатна завршница, а домашните благодарние на Лилард се изборија за продолжение (113:113).

Во продолжението Портланд го послужи среќата и дојде до победата со резултат 129:124.

Неверојатен меч имаше Демиен Лилард кој оствари 61 поен и додаде уште десет скокови и седум асистенции. Кај гостите се истакна Алек Буркс со 33 поени.