Тежок пораз за Лејкерси: Селтикси ги посрамотија Џејмс и дружината (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа катастрофално загубија на гости против Бостон Селтикс со резултат 139:107.

Лејкерс имаа приклучок во овој меч по првата четвртина која Бостон ја доби со 33:30, но предноста на домашната екипа растеше како што натпреварот течеше.

Селтикси одиграа одлично против индиспонираните Лејкерси кои едноставно немаа решение за противничката екипа. Бостон го диктираше темпото на натпреварот и беше јасно дека ќе стигне до победа.

Но, сигурно никој пред мечот не очекуваше овој тим да слави со 32 поени разлика. Селтикси решија да го искористат максимумот од натпреварот и да му нанесат тежок удар на Лејкерси, кои го совладаа на крајот со 139:107.

Селтикси беа предводени од Џејсон Татум, кој постигна 27 поени, а Браун и Вокер додадоа по 20 поени. За Лејкерси се истакна Џавејл МекГи со 18 поени, а Леброн и Дејвис потполно потфрлија.

Џејмс го заврши мечот со 15 поени и 13 асистенции, додека Дејвис девет поени. За Лејкерси ова беше нивниот деветти пораз (34-9), додека Селтикс имаат сооднос 28-14.