Поранешен НБА-кошаркар доби ќотек на автопат: Ги потрошил парите и сега е бездомник! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кошаркар во НБА, Делонте Вест минува низ тежок период во животот, а многумина же кажат дека е самиот виновен за тоа.

Вест во 2004 година настапуваше за Бостон селтикс, а многу добри настапи имаше и во Кливленд кавалирс.

Овој 36-годишен кошаркар последниот ангажман во НБА го имаше во 2012 година кога играше за Далас, а кариерата ја заврши во 2015 година во Тексас.

Во текот на кариерата водеше бурен живот и успеа да ги потроши сите пари кои ги заработи, по што заврши на улица, а во моментов е во Вашингтон.

Вест утрово се најде во центар на внимание откако се појави видео на кое се гледа како добива ќотек на автопат.