Поранешен НБА кошаркар претепан на автопат (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Порашниот НБА кошаркар Делонте Вест поминува низ тежок период во својот живот, а може да се каже дека за тоа е сам крив.

Вест во НБА лигата заигра 2004. година за Бостон Селтикс, а многу добри партии покажа во Кливленд Кавалирс со кој играше заедно со Леброн Џејмс.

Овој 36-годишен играч последен пат играше во 2012. година за Далас Маверикс. Кариерата ја заврши во 2015. година во Тексас Леџендс.

Низ играчката кариера водел бурен живот и успеал да прокоцка и потроши се што имал. Вест на крајот го допрел дното и станал бескуќник, а моментално се наоѓа во Вашингтон.

Вест утрово се најде во центарот на вниманието кога се појави видео на кое се гледа како е претепан на автопат. Делонте има проблеми и со психичкото здравје, поради кое сега е без куќа и е просјак на улиците на Вашингтон.

Не е познато зошто е претепан, а на крајот полицијата го привела. На снимката јасно се гледа дека поранешниот соиграч на Леброн е во лоша состојба.