Лос Анџелес Галакси ја потврди замената за Ибрахимовиќ: Чичарито и официјално нов напаѓач на клубот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хавиер Ернандез Чичарито и официјално е нов фудбалер на тимот на Лос Анџелес Галакси. Мексиканецот ќе треба да биде достојна замена за Златан Ибрахимовиќ кој оваа зима се пресели во Милан.

Последен клуб на Чичарито беше Севилја, а неговиот трансфер преку барата се најавуваше веќе подолг период.

Во кариерата 31 годишниот мексикански напаѓач ги носеше дресовите на гигантите Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а играше и за Баер Леверкузен, Вест Хем и споменатата Севилја.