Баерн Минхен го носи играчот кој стигна како големо засилување во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Баерн Минхен се подготвени во следните неколку дена да го договорат ангажманот на играчот на Реал Мадрид, Алваро Одриозола.

Младиот фудбалер не е во прв план кај Зинедин Зидан, а него го нема ни за внатпреварот од Копа дел Реј кој Реал Мадрид го игра против Саламанка.

Се верува дека Баварците ќе го добијат Одриозола на шестмесечна позајмица, но она што е интересно е тоа што во договорот нема да биде вклучен откуп на неговиот договор, па тој ќе се врати во Мадрид по крајот на оваа сезона.