Ѕвездата на Реал Мадрид заплака на клупата по 15 години (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Публиката на стадионот Сантијаго Бернабеу веројатно е најтешката на светот, понекогаш не простува и на оние кои практично се цела кариера во Реал.

Марсело на дуелот со Севиља го запиша 350. настап во дресот на Реал Мадрид, меѓутоа поради реакција од трибините беше приморан да заплаче.

По одлуката на Зинедин Зидан да го замени од трибините на Сантијаго Бернабеу се слушна исвиркување во моментите кога Бразилецот го напушташе теренот. Одредена група на навивачите дури му аплаудираше на играчот.

Човекот кој во Реал е цели 13 години не можеше, а да не заплаче. Камерите го забележаа моментот како бразилскиот ас плаче што значи дека реакцијата на мадридската публика прилично го погодила.

Марсело оваа сезона не успева да се врати на посакуваното ниво од предходните сезони кога важеше за најдобар лев бек па Зидан се повеќе му дава шанса на Ферландо Менди.

Овој 31-годишен играч на Реал стигна во Реал во јануари 2007. година. Во меѓувреме со кралскиот клуб освои 21 трофеј.