Фантастичен дуел на Ленард и Дончиќ, Клиперси ги победија Маверикс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само еден меч е одигран синоќа во НБА лигата, а во него Лос Анџелес Клиперс го совладаа домаќинот Далас Маверикс со резултат 110:107.

Во навистина добро кошаркарско шоу, тимот на Лос Анџелес на крајот имаше поголема концентрација во завршницата и забележа победа.

После првата четвртина во која видовме резултатска неизвесност (24:24), Клиперси направија серија од 16-0 на средина на вториот период и за прв пат заминаа на двоцифрена разлика, 39:49.

Гостите неколку пати имаа максимум плус 13, но на одмор заминаа со 11 поени предност, 49:60.

Предноста на почетокот на третиот период беше и 14 разлика во корист на гостите од Лос Анџелес, но Мавси не се откажа. Со одлична игра во финишот на овој дел од мечот дојдоа на само минус четири, 78:82, а во последниот дел успеваат да водат.

Сепак, Клиперси подобро одигра кога им беше најпотребно. Тие успешно ги скршија Далас во финишот и дојдоа до победа.

Со 36 поени и 11 скокови, Кавај Ленард ги предводеше Клиперси до триумф, додека Лука Дончиќ, од друга страна, имаше 36 поени и додаде уште 10 скокови и девет асистенции.