Манчестер Јунајтед спреми 30 милиони фунти за 16-годишен вундеркид?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалските трансфери, барем нивната финансиска страна, одамна се надвор од контрола, а “расфрлањето” со милиони се чини дека нема да запре.

Сега се појавија информации дека Манчестер Јунајтед спремил 30 милиони фунти за 16-годишниот фудбалер, Џуд Белингхам.

Овој тинејџер е член на второлигашот Бирмингем и моментално ја игра првата сезона како професионален фудбалер.

Сепак, тоа е доволно, тврди Сан, да падне во очи на Манчестер Јунајтед, кој наводно спремил солидна сума за негов трансфер.

Сигурно станува збор за голем талент, но цифрата која се шпекулира се чини дека е претерана.

Доколку Манчестер Јунајтед го купи тинејџерот Белингхам, се шпекулира дека ќе остане на позајмица во Бирмингем.

Инаку овој млад играч за врска оваа сезона запишал 24 настапи во Чемпионшип, постигнал 4 гола и една асистенција. Моментално е член на У17 репрезентацијата на Англија.