Поранешен играч на Милан на 32. години му кажа збогум на фудбалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кевин Констант, поранешниот играч на Милан, одлучи да замине во фудбалска пензија на 32. години.

Констант е лев бек кој го носеше дресот на Милан 45 пати, а играше уште за Киево, Тулуз, Џенова, Трабзонспор, Болоња и Сион.

Последниот ангажман го имаше во Иран, но неговиот трансфер во Трактор пропадна, бидејќи не можел да ги помине лекарските прегледи, а сега соопшти дека кариерата ја заршува “поради приватни причини”.

За репрезентацијата на Гвинеја одигра 24 натпревари и постигна четири гола, а интересно е што играл за кадетите на Франција неколку натпревари.

“Одлучив дека ќе ја завршвам мојата професионална кариера од приватни причини. Тоа е најтешка одлука во мојот живот. Многу ми е жал што веќе не сум професионален фудбалер. Време е мојот живот да го посветам на моите деца, семејството и иднината”, напишал Констант.