Полицаецот кој го снимаше бездомникот Вест доби – суспензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот НБА-кошаркар Делонте Вест се најде во центар на внимание откако беше претепан на улица во Вашингтон.

Вест по завршувањето на кариерата во 2015 година влезе во проблеми. Тој имаше психички проблеми, а стана и бездомник и милост бара на улиците.

Меѓутоа, тоа што се случило на улица ги изненади сите. Вест беше претепан сред улица и никој не можеше да верува дека станува збор за поранешна НБА-ѕвезда.

Вест потоа бил уапсен и однесен во полициска станица, а видеото од несреќниот кошаркар го снимил еден од полицајците, кој бил суспендиран поради кршење на правилата.

Вест ја заврши НБА-кариерата со просек од девет поени на 490 одиграни натпревари, а играше за Бостон, Сиетл, Кливленд и Далас.