Нова борба на повидок: Конор Мекгрегор доби неочекуван предизвикувач (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор е човек со кој апсолутно сите сакаат да се борат. Сите освен Хабиб Нурмагомедов, кој не сака да му даде реванш на Ирецот додека тој не почне да реди победи во рингот.

Сепак, борба меѓу Мекгрегор и Хабиб е нешто што го сака УФЦ, но и навивачите, а тоа јасно го порача претседателот на организацијата Дена Вајт.

По Џорџ Масвидал и Камар Усман за борба против Мекгрегор е подготвен и поранешниот предивикувач за шампион во лесна категорија Дастин Порие.

„Број два и број три на листа. Одиме повторно“, напиша Порие.

Подготвен е да се бори во било која категорија, но тешко може да се очекува дека Порие ќе добие борба против Мекгрегор.