“Зошто еден од најдобрите фудбалери на светот да замине на позајмица? Па тоа е смешно”


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл, Џонатан Барнет, ги нарече смешни шпекулациите за заминување на неговиот клиент од Мадрид.

Бејл веќе долго време се поврзува со трансфер во Тотенхем или Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми тврдат дека Реал би можел да го прати на позајмица во Тотенхем.

Меѓутоа, Барнет е јасен. Од позајмица нема ништо, но и од трансфер.

“Зошто еден од најдобрите фудбалери на светот да оди на позајмица? Па тоа е смешно”, рекол Барнет и потоа додал:

“Ќе остане во Реал, има две и пол години од договорот. Таму е среќен и посакува да освои уште многу трофеи”.

Сепак, признава дека одредени работи може да се променат во наредниот период.

“Секако дека има работи кои можат да се променат, но приказната за позајмица е смешна. Не постојат многу клубови кои можат да си го дозволат”, рекол Барнет.

Велшанецот оваа сезона има само 15 натпревари, на кои постигна три гола и две асистенции.